Бадникови пиварки со вкус на портокал (посно)
Предлог за многу вкусни, старински колачи, кои ќе ја збогатат Вашата Бадникова трпеза.
Прво го подготвуваме тестото.
Во вангличка ги ставаме маслото, пивото, гризот, ренданата кора од портокал.
Промешуваме со вилушка, па ги додаваме соединетите пециво и брашно.
Замесуваме мазно тесто.
Тестото го делиме на топчиња, одприлика на 40, се во зависност колку сакаме да ни се големки колачите.
Сега секое топче со сукало го развлекуваме во мало кориче, ставаме мармалад, јас ставав мармалад од аронија, од црни сливи.. и слатко од дуњи) и јатки од орев.
Завиткуваме кифличка.
Вака ги подготвуваме сите топчиња и ги редиме во ненамастен плех.
Ги печиме на 180 степени околу 25 минути.
Ги оставаме на страна потполно да се изладат.
Сега го подготвуваме шербетот.
Во тенџере ставаме сок од свежо цеден портокал, вода и шеќер.
Вариме од кога ќе зоврие на умерен оган 3 -4 минути.
Со топлиот шербет ги попаруваме испечените колачи,
Оставаме така да одстојат 2-3 часа, а при тоа еднаш или два пати ги превртуваме.
Тие ќе си го впијаат целиот шербет.
Потоа секое пиварче го валкаме во мелени ореви или кокос.
Ги сервираме и ги послужуваме.
За многу години празниците....
Лиценца: Сите права се задржани