Посни кифли пиварки
1. Промешајте ги пивото и маслото, додадете го квасецот, лажица брашно и лажица шеќер.
2. Во длабок сад соединете ги брашното и интегралното брашно и додадете сол. Додадете ги течните состојки и замесете средно меко тесто. По желба можете да додадете лажица ленено семе и сончоглед.
3. Оставете тестото да кисни 30 минути. Потоа извадете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 20 дела. Од секој дел расукајте кора, на горната страна со нож направете неколку засеци и виткајте во форма на кифла. Редете ги во плех обложен со хартија за печење.
4. Оставете ги да одморат уште 15 минути, додека да се загрее рерната и печете на 200 степени додека да поруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови