Денес ќе готвиме заедно со Даниела Џогова, готвач член на нашата веб-страница. Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Ќофтиња од урда со магдонос.

Ќофтињата се секогаш вкусен додаток во јадењето, а овој пат ги правиме од урда, јајца и брашно, и сечкан магдонос за побогат вкус.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 500 грама урда
  • 3 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 пакување прашок за печиво
  • Една рака магдонос
  • Сол и црн бибер
  • Масло за пржење

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење.

Подготовка

Чекор 1: Посолете ја урдата, ако има потреба, и убаво измешајте ја. Додајте ги јајцата, брашното, прашокот за печиво и сечканиот магдонос и изедначете ја смесата.

Чекор 2: Загрејте го зејтинот во тавата за пржење. Со рака или лажица земајте од смесата, и формирајте ќофтиња. Пржете ги кратко од двете страни, на тивка температура.

Чекор 3: Сервирајте ги декорирани со магдонос, како мезе, или како додаток на печен зеленчук.

СОВЕТ: Ова е вкусен рецепт кој се подготвува за неколку минути и може да ви послужи како идеја за искористување на преостанатата урда од фрижидерот. Доколку купувате урда специјално за овој рецепт, внимавајте да одберете урда со позрнеста структура!