Магдонос
Хранливи вредности на магдонос:
Прекрасниот и хранлив магдонос е популарна кулинарска и медицинска билка, која е признаена како функционална храна, поради уникатните антиоксидантски и превентивни својства. Оваа корисна билка потекнува од медитеранскиот регион, а припаѓа на фамилијата apiaceae, од родот Petroselinum. Ботаничкото име на магдоносот е Petroselinum crispum.
Билката е мало растение со темно зелени листови кои наликуваат на листовите од коријандерот, но имаат поумерен вкус од коријандер. Особено многу се користи во медитераснките, источноевропските и американските кујни.
Постојат околу 30 сорти магдонос кои се одгледуваат низ цела Европа, но најчести се: магдоносот со извиткани листови и полутиот, италијански магдонос со сплескани листови. Италијанскиот магдонос е попопуларен во готвењето.
Здравствени придобивки од магдонос:
- Билката не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и растителни влакна, кои помагаат во контролата на нивото на холестерол во крвта, го штитат телото од слободните радикали, спречуваат појава на констапација и обезбедуваат одредена заштита од рак.
- Магдоносот содржи голем број есенцијални масла кои се корисни за здравјето, вклучително: миристицин, лимонен, еугенол и алфа-тујен.
- Есенцијалното масло еугенол, кое се содржи во оваа билка, се користи како терапевтско средство во стоматологијата, како локален анестетик и антисептичен агенс при третманот на забите и непцата. Еугенолот, исто така, го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите, но сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се отркие целосната слика за ова дејство.
- Магдоносот е богат со полифенолни флавоноидни антиоксиданси, вклучително: апин, апигенин, крисоериол и лутеолин. Признат е како еден од најбогатите извори антиоксиданси во растителниот свет.
- Оваа билка е добар извор на минерали, како што се: калиум, калциум, манган, железо и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок, преку поништување на ефектите од натриумот. Железото е клучно за создавањето на хемоглобинот во црвените крвни зрнца. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим, супероксид дисмутас.
- Исто така, магдоносот е богат со голем број антиоксидантски витамини, вклучително и: витамин А, бета-каротин, витамин Ц, витамин Е, зеаксантин, лутеин и криптоксантини. Билката е и одличен извор на витамин К и фолати. Зеаксантинот помага во спречување на болестите на окото „предизвикани од старост“, преку антиоксидантската функција и филтрирањето на ултра виолетовата светлина.
- Свежите листови исто така се богати со голем број есенцијални витамини, како што се: пантотенска киселина (витамин Б5), рибофлавин (витамин Б2), ниацин (витамин Б3), пиридоксин (витамин Б6) и тиамин (витамин Б1). Овие витамини се клучни во процесот на метаболизација на јаглехидратите, протеините и мастите, затоа што служат како коензими.
- Магдоносот веројатно е најбогатиот растителен извор на витамин К, обезбедува 1.640 микрограма или 1366 проценти од препорачаната дневна доза. Витаминот К има потенцијална улога во превенцијата на здравјето на коските, преку поттикнување на остеотропската активност. Исто така има потврдена улога во третманот на пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест, преку ограничување на оштетувањето на невроните во мозокот.
Прекрасно! Скромниот магдонос има само 36 калории на 100 грама, но профилот на хранливи фито-материи не е ништо поскромен од кој било друг висококалоричен извор. Оваа уникатна билка обезбедува (во проценти од препорачаната дневна доза на 100 грама):
38% фолати,
220% витамин Ц,
281% витамин А,
1366% витамин К,
14% калциум и
77.5% железо.
Избор и складирање:
Свежиот, како и сушениот магдоност, се достапни во продавниците во текот на целата година. Секогаш кога сте во можност купувајте свеж магдоност, затоа што има подобар квалитет и поголема концентрација на витамини и антиоксиданси (бета-каротин, витамин Ц и фолати) од сушениот. Билката треба да има сјајна зелена боја и цврсти стебленца. На нив не треба да има мувлија, потемнети или пожолтени делови.
Исто како што е случајот со другите сушени билки, кога купувате сушен магдонос, доколку сте во можност, купете магдонос кој бил органски одлгедуван, затоа што на тој начин ќе бидете сигурни дека не бил прскан и не содржи пестициди.
Свежиот магдонос треба да се складира во фрижидер, во најлонска ќеса што се затвара или пак завиткан во малку навлажнета хартиен крпа. Сушените листови може да се чуваат неколку месеци во добро затворен стаклен сад, на студено, темно и суво место.
Употреба во кујната:
Магдоносот треба добро да се измие со вода, за да се отстранат евентуалните остатоци од земја, песок, нечистотија и пестициди. Поткастрете ги корењата и дебелите делови од стебленцата, како и оштетените листови. За да се зачуваат вкусот и аромата, обично магдоносот се додава при крајот на рецептите.
Совети за приготвување:
- Оваа билка многу често се користи како гарнир. Голем број јадења се сервираат со свеж, ситно сечкан магдонос наросен одозгора.
- Магдоносот се користи во приготвувањето на голем број популарни јадења во медитеранските и европските кујни, уште од антички времиња. Заедно со други билки и зачини, се користи за додавање вкус на голем број јадења од зеленчук, пилешко, риба и месо.
- Магдоносот е една од состојките во популарниот медитерански зелен сос „салса верде“. Овој ладен сос содржи: магдонос, лук, капар, лук, кромид, маслиново масло и оцет.
- Свежо исечканиот магдонос е одличен додаток на зелените салати.