Видео рецепт: Филџан бурек
Денес ќе готвиме заедно со Клара, готвач член на нашата веб-страница. Клара ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Филџан бурек.
Ова е еден интересен начин на приготвување на бурек што потекнува од турската кујна, кој е многу лесен и брз, а воедно, за љубителите на бурек, и многу вкусен!
Состојки
- 6 готови кори за пита
- 200 грама мелено месо
- 3 средно големи компири
- 1 кромид
- Коцка за супа
- Сол и бибер
- и зачини по желба
За премачкување ќе ви треба:
- 1 јајце
- 1-2 лажици млеко
- 1 лажица маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Средно
Лица: 3
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица, Тава за пржење и Делимано лонец.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво сварете ги компирите, па убаво испасирајте ги. Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на малку масло заедно со меленото месо.
Тргнете го од оган и додадете ги пасираните компири, изронетата коцка за супа, сол, бибер и зачини по ваша желба. Убаво измешајте.
Чекор 2: Земете еден поголем филџан за кафе со поширок отвор. Една кора за пита свиткајте ја на 2 или на 4 пати, во зависност од големината на филџанот. Нема потреба од премачкување на филџанот, само обложете ја кората убаво во внатрешноста. Потоа наполнете од филот речиси до врвот.
Чекор 3: Јајцето благо разматете го и матејќи додадете малку млеко и маслиново масло.
Страниците од корите надвор од филџанот виткајте ги навнатре за убаво да се покрие филуваниот дел, притоа премачкувајте го секој свиткан дел за добро да се залепи.
Чекор 4: Малку премачкајте ја округлата тава за пица и превртете го филџанот, смесата лесно ќе излезе. Повторете ја постапката со другите 5 кори.
Превртените парчиња филџан бурек целосно премачкајте ги со преостанатата мешавина од јајце, и по желба наросете ги со сусам.
Чекор 5: Печете ги во загреана рерна на 180 степени 15 минути, или додека не поруменат.
Чекор 6: Послужете на чинија со малку павлака и може веднаш да јадете, додека е топло!
СОВЕТ: Замислете го воодушевувањето на домашните, ако им послужите бурек во ваква „амбалажа“. Доколку не сакате да јадете месо, заменете го со спанаќ, или некој друг зеленчук. Варијациите се неограничени!
BTW, lakot dobar :)))
И јас тоа забележав,Лили.. :)
хаха Маја ме потсети... после редењето на Бурекот, во филџанот сипете си кафе и додека се печи удрете на кафе пауза ;)
Клара ептен профи го работи рецептот :)
го спремив уште пред еден месец, ама секој втор ден имам гости и не сум стигнала ни тањирите да ги измијам, не па да ставам слики.
така брзо ги снемуваше, што мислев дека нема да остане за мене. реално кажано едвај све останаа, колку да не сум без ич. гостите задоволни. баба ми битолчанката би била горда на мене :) :) :) :)
јас ги диплев на четири надвор од филџанот, ставав фил, диплев, па тогаш ги ставав во филџан, чисто за форма. ме мрзи ноктите да ги исечам, па џиновски ми се. сите мислат баш сум фенси, а јас сум само мрзлива :) :) :) :)
диплењето надвор од филџан не е тешко. диплиш на мала коцка по желба, ставаш фил и само ќошињата ги спојуваш. така го брцаш полесно во филџан ;)