Во тава на оган со масло го пржиме сецканиот кромид додека да омекне, а потоа го додаваме и меленото месо и заедно пропржуваме. Ги додаваме и зачините по желба-сол, бибер, сушен магдонос, сушено лукче, црвена пиперка.......Оставаме овој фил да се излади
Во подлабок сад ги ставаме јајцето, пецивото, павлаката и киселата вода, додаваме малку сол и матиме. Добиваме течен фил
Потоа во намрсено кружно плехче ставаме 3 кори на кои краевите им излегуваат од плехот(бидејќи на крај ке ни требаат за да го затвориме бурекот) и ги попрскуваме со масло. Потоа една по една земаме уште три кори, но прво ја гужваме па ја ставаме во вториот течен фил и потоа ја редиме во плехот.После оваа постапка, го истураме филот со месо. Над него попрскуваме со остатокот од течниот фил и ги затвараме 3те кори од почетокот. Најгоре попрскуваме со малку масло и додаваме сусам. Се пече околу 3о мин на загреана рерна

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови