Фичо ќе ни открие како самите дома да направиме њоки од компир. Тој ќе ги комбинира со брз домашен Песто сос од спанаќ.

Подготовка

Чекор 1: Компирите ставете ги да се варат. Оставете ги да се оладат и испасирајте ги. Потребна е една шолја пасиран компир. Ставете ги компирите во сад и додадете го брашното и јајцето. Замесете убава смеса, завиткајте во фолија и оставете да одмори 10 минути.

Чекор 2: Смесата поделете ја на 4 дела. Од секој дел формирајте долгнавеста форма и сечете форми и димензии на њоки. Со виљушка притиснете ја секоја њока за да може сосот да се задржува. Извалкајте ги во брашно и тргнете ги на страна, додека да зоврие водата во која што ќе се варат.

Чекор 3: Во Нутрибулетот ставете ги сите состојки за пестото и убаво изблендирајте.

Чекор 4: Њоките варете ги додека не испливаат на површината. Тоа е знак дека се варени.

Чекор 5: Во тава ставете ја павлаката за готвење да се загрее, додадете го пестото и њоките и убаво промешајте.

Чекор 6: Сервирајте со рендан пармезан!

СОВЕТ: Песто сосот наместо со спанаќ, може да го подготвите со свеж босилек, рукола или друго зелје по желба.