22
апр
2021
Ситни школки тестенини, со песто од спанаќ и ореви
1. Во тенџере ставаме вода и сол.
Од кога ќе зоврие водата ја додаваме и тестенината да се вари според упатството.
2. За тоа време го подготвуваме пестото.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме сите состојки и во неколку наврати пулсираме, до изедначување на содржината.
3. Сварените тестенини ги процедуваме.
Во сад ги соединуваме изладените тестенини со пестото, промешуваме и ги сервираме во стаклен сад. Посипуваме дробено бело сирење и мелен орев.
На здравјеее
Лиценца: Сите права се задржани
Gledam da koristam sezonski zelencuk, najcesto svez
Ova mi bese idealen pojadok, a moze da bide i predjadenje