Испечати

Ситни школки тестенини, со песто од спанаќ и ореви

Ситни школки тестенини, со песто од спанаќ и ореви

Состојки

  • 150гр ситни, школки тестенини
  • Вода и сол за варење
  • Песто
  • 1 голем грст свеж спанаќ
  • 3,4 ливчиња босилек
  • 2лажици орев
  • 1лажиче кисела павлака
  • 3лажици маслиново масло
  • 1лажица сок од лимон
  • По желба и чешне лук
  • сол и бибер
  • Сирење за посипување одозгора

Подготовка

1. Во тенџере ставаме вода и сол.
Од кога ќе зоврие водата ја додаваме и тестенината да се вари според упатството.
2. За тоа време го подготвуваме пестото.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме сите состојки и во неколку наврати пулсираме, до изедначување на содржината.
3. Сварените тестенини ги процедуваме.
Во сад ги соединуваме изладените тестенини со пестото, промешуваме и ги сервираме во стаклен сад. Посипуваме дробено бело сирење и мелен орев.

На здравјеее