Видео рецепт: Чоколадна пита
Сакате чоколадо... Сакате пита... А Чоколадна Пита!!?? Ова е едноставен, но богат Француски чоколаден Тарт со крцкаво домашно пециво и божествен фил кој ќе остави насмевка на Вашето лице неколку часа откако ќе го пробате.
Состојки
за Пециво ќе Ви треба:
- 250 грама брашно
- 110 грама путер
- 5-6 лажици студена вода
за Филот ќе Ви треба:
- 200 грама стопено темно чоколадо
- 4 јајца
- 50 грама брашно
- 75 грама стопен путер
- 100 грама шеќер
Подготовка
Чекор 1: Ќе почнеме со правење на класично пециво со путер... Во длабока чинија ставете ладни коцки путер и почнете со раце да ги мешате со брашното додека путерот да се раствори во брашното и да добиете мазна жолта смеса… Протресете ја чинијата за поголемите грутки да излезат на површината...
Следно, превртете го тестото на работната површина… Ставете го тестото на работната маса и направете дупка во средината од смесата со брашното… Со лажица ставете ја потребната количина студена вода… Изгмечете со раце додека смесата да стане мазна и внимателно почнете да ја размесувате во кружна форма…
Чекор 2: Земете ја тавата намачкана со путер и во неа ставете го тестото… Внимателно притиснете го и развлечете го тестото до ѕидовите на тавата и отсечете го вишокот... Со вилушка издупчете го дното и страните од тестото…
Покријте го со пекарска хартија и врз неа ставете малку ориз за хартијата да остане на своето место... За почеток на процесот, тестото во рерна ќе го „печеме на слепо“, а подоцна ќе го ставиме и чоколадниот фил.
Ставете ја тавата во рерна 15 минути на температура од 150 степени.
Чекор 3: Во меѓувреме, ќе го направиме филот... Истопете го чоколадото во длабок сад врз провриена вода... Потрудете се садот да не биде во директен допир со водата.
Измешајте ги заедно шеќерот и брашното, а потоа ставете ги и јајцата и добро измешајте… Следни ставете ги свилестото стопено чоколадо и путерот и мешајте додека да добиете мазна, густа и сјајна смеса!
Чекор 4: Извадете го пецивото од рерната... Откријте го и врз него сипете го чоколадниот фил. Вратете ја тавата во рерна на иста температура уште 15 минути или додека филот да стане тврд на допир.
Чекор 5: Време е за сервирање: Овој тарт можете да го сервирате топол од рерна или да го оставите да се излади во фрижидер… Сервирајте го на чинија и уживајте.
СОВЕТ: Постојат многу начини на овој десерт да му додадете нешто посебно... Зошто да не ставите малку стопено бело чоколадо одозгора, или пак да го попрскате со какао во прав? Ова е мал и едноставен Тарт, но толку е богат што ќе го задоволи вашиот вкус за слатки... Добитна комбинација за сите љубители на чоколадото.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Сет тави за пица
http://i.minus.com/iXameX3ETBfg6.jpg