10
апр
2012
Чоколадна штрудла
Во млакото млеко се додава квасецот, шеќерот, изматените жолтки, зејтинот, малку сол и постепено се додава брашното. Тестото се остава да стаса. Се матат жолтките со шеќерот, па се додава павлаката, растопената чоколада, циметот, бисквитите и румот. Белките изматени цврсто се додаваат во филот и се соединува. Тестото се дели на два дела и се расукува кора чиј еден крај се премачкува со филот и се мотаат ролатите. За два ролата. Се премачкуваат со жолтка се оставаат уште малку да стасат во правоаголен калап и се печат на 170 степени половина час. Печени по желба може да се посолат со прав шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови