Чоколадна штрудла
Состојки
- Тесто 500 гр. брашно,30 гр. квасец, 2 лажици шеќер, 2 жолтки, малку сол, 50 мл. зејтин, 300 мл. млеко
- Фил 2 жолтки, 80 гр. шеќер, 200 гр. чоколада за готвење, 80 гр. мелени бисквити, цимет по вкус, 2 лажици рум, 1 чаша кисела павлака, 2 белки
Подготовка
Во млакото млеко се додава квасецот, шеќерот, изматените жолтки, зејтинот, малку сол и постепено се додава брашното. Тестото се остава да стаса. Се матат жолтките со шеќерот, па се додава павлаката, растопената чоколада, циметот, бисквитите и румот. Белките изматени цврсто се додаваат во филот и се соединува. Тестото се дели на два дела и се расукува кора чиј еден крај се премачкува со филот и се мотаат ролатите. За два ролата. Се премачкуваат со жолтка се оставаат уште малку да стасат во правоаголен калап и се печат на 170 степени половина час. Печени по желба може да се посолат со прав шеќер.