1.Ги лупиме и ги рендаме јаболката.
2.Земаме една кора и ја премачкуваме со масло,врз неа ја ставаме втората кора и неа ја намрсуваме.
3.На почетокот од втората кора ставаме од ренданото јаболко и посипуваме шеќер, малку гриз и ванилин шеќер.
4.Ги виткаме двете кори како палачинка и ја ставаме во тава која претходно сме ја премачкале со масло.
5.И преостанатите кори ги филуваме и ги редиме во тавата.
6.На крај ги премачкуваме со преостанатото масло и ги печеме во загреана рерна на 220 ст. околу 25 мин. додека не добијат убава боја.
7.Откога ќе се олади ја сечеме и ја посипуваме со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови