
22
мар
2021
Штрудла со готови кори
1. За фил- Јаболката се лупат па се рандаат. Потоа се додаваат шеќерот, циметот и гризот.
2. Постапка- Се зема една кора, се мачка со зејтин па друга кора пак се мачка со зејтин и трета кора со фил. Филот се става на крајот и се рола. Истата постапка се прави и со другите кори додека има фил.
3. Мене ми испаѓаат 5 ролати. Се сечат на помали парчиња. Се прскаат со зејтин и вода помешани. Се печат на 200С загреана рерна околу 20-25 мин.
Се наросуваат со правшеќер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови