Штрудла со аронија
Смешајте ги сите состојки за квасецот и оставете ги 5-10 мин да нарасне.
Со жица за матење пенасто се мати маргаринот, кој предходно сме го оставиле на собна температура и шеќерот. Се додаваат ванилата и жолчките, па стасаниот квасец. Постепено се додава брашното измешано со солта и се замесува глатко тесто и се остава 30 мин да нарасне.
Во меѓувреме за филот, се става шеќерот и смрзнатото овошје да одстојат 5-10 мин во тенџере за да овошјето испушти малку од својот сок. Потоа на умерено јак оган се изварува до степен на редок џем. Кога е готово, аронијата се одделува од течноста на страна. Таа оди во филот, а густата течност зачувајте ја како овошен прелив, на пример за сладолед, палачинки и слично.
Нараснатото тесто го сукаме во правоаголна форма 30х40 см. Се филова на целата површина, освен на крајот некои 6-7 см каде ќе ни завршуваролањето на штрудлата. Најпрво се распоредува аронијата, па врз неа изматената белка со цимет шеќерот. Ако немате цимет шеќер, заменете го со половина лажиче цимет и додадете 2 рамни лажички шеќер. Се витка како ролат кон страната каде сме ја оставиле не филована.
Штрудлата ја префрламе на намастена тава за печење и ја оставаме уште половина час до печење.
Печиме во загреана рерна на 180 степени околу половина час, односно додека не порумени.
Оладената штрудла ја посипуваме со шеќер во прав и ја сечиме на парчиња.
*Смрзната аронија можите да најдите во поголемите маркети. Тоа е овошје кое има киселкасто опорит вкус кој го пренесува и на вака приготвениот начин со доза на засладеност. Освен со аронија, штрудлата можите да ја приготвите и со вишни. Ако се свежи, потребно е 1 кг кои се варат со 1/2кг шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
a sega da prasam ova aronija neli e poznata kako-trninka so oporit vkus ama prebogata so tanin.Majka mi redovno ni pravese sok od trninki-aronija i mnogu ubava boja imase ama sekogas stipese za jazik i ne bas da go sakavme ama bil zdrav i mora da se pie.EEE a sega koga bi imala doma pa da si napravam edna vakva strudla-meraci :)
Дани јас често сум слушала за трнинки, ама никогаш не сум ги видела, или ако сум ги видела, не сум знаела дека тоа се тие. Како сега во случајот со аронијата. Јас ја купив замрзната, но вкусот кој го опиша ти е сличен со тоа погоре на Лудо што пишував. Можно е да е тоа и ова едно исто, ама не сум компетентна да тврдам. Како и да е во филот овдека е изварена со шеќер скоро до степен на џем, па тие реакции се многу ублажени и доаѓа интересно и специфично за јадење. Маја можеби ја гледа на пазар свежа, ако знае таа нека кажи.
Во секој случај, интересно е еднаш да се опроба со ова овоштие. Сите кои мислите да пробате, а немате аронија, пробајте со боровинки, или со вишни... секое овошје си го оформува вкусот со својата арома.
Ах, да... бојата со аронијава излезе преубава. Можеби и боровинките би дале некоја таква слична...А она што остана како за прелив, го искористив во колач еден дел и во сладолед. Интересна арома и вкус можам да кажам во позитивна смисла.
Поздрав на сите <3
има кај нас окулу двор еден тон трнинки, да зазреат ќе ги сликам и ќе ти ги покажам :)
Ја барав аронијата во состојки тука на МР ја нема, па предлог ако може да дознаеме нешто повеќе