Испечати

Штрудла со аронија

Штрудла со аронија

Состојки

  • За квасецот
  • 20 гр свеж квасец
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче брашно
  • 100 мл топло млеко
  • За тесто
  • 150 гр маргарин
  • 3 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 2 жолчки
  • 400 гр брашно
  • 1/2 лажиче сол
  • 500 гр смрзната аронија
  • 450 гр шеќер
  • 1 пакетче цимет шеќер
  • 1 белка

Подготовка

Смешајте ги сите состојки за квасецот и оставете ги 5-10 мин да нарасне.
Со жица за матење пенасто се мати маргаринот, кој предходно сме го оставиле на собна температура и шеќерот. Се додаваат ванилата и жолчките, па стасаниот квасец. Постепено се додава брашното измешано со солта и се замесува глатко тесто и се остава 30 мин да нарасне.
Во меѓувреме за филот, се става шеќерот и смрзнатото овошје да одстојат 5-10 мин во тенџере за да овошјето испушти малку од својот сок. Потоа на умерено јак оган се изварува до степен на редок џем. Кога е готово, аронијата се одделува од течноста на страна. Таа оди во филот, а густата течност зачувајте ја како овошен прелив, на пример за сладолед, палачинки и слично.
Нараснатото тесто го сукаме во правоаголна форма 30х40 см. Се филова на целата површина, освен на крајот некои 6-7 см каде ќе ни завршуваролањето на штрудлата. Најпрво се распоредува аронијата, па врз неа изматената белка со цимет шеќерот. Ако немате цимет шеќер, заменете го со половина лажиче цимет и додадете 2 рамни лажички шеќер. Се витка како ролат кон страната каде сме ја оставиле не филована.
Штрудлата ја префрламе на намастена тава за печење и ја оставаме уште половина час до печење.
Печиме во загреана рерна на 180 степени околу половина час, односно додека не порумени.
Оладената штрудла ја посипуваме со шеќер во прав и ја сечиме на парчиња.
*Смрзната аронија можите да најдите во поголемите маркети. Тоа е овошје кое има киселкасто опорит вкус кој го пренесува и на вака приготвениот начин со доза на засладеност. Освен со аронија, штрудлата можите да ја приготвите и со вишни. Ако се свежи, потребно е 1 кг кои се варат со 1/2кг шеќер.