Штрудла со тесто од тиква и фил од ореви
Во еден помал сад измешајте го брашното со солта и сувиот квасец. Оставете на страна.
Изматете го со миксер пирето од тиква со жолчките и шекерот, додајте го маслото и млекото и матете уште малку. Додајте го брашното и измесете меко и мазно тесто. Покријте со проѕирна фолија и оставете го на топло да се удвои.
Во еден мал сад измешајте ги мелените ореви со циметот и 1/2 шоља кафеав шеќер.
Во средно голем сад изматете густ снег од белките со 1/2 шоља шеќер. Додајте ги оревите и измешајте со лажица. Не мешајте премногу, може филот да ви се втечни.
Стасаното тесто расучете го во правоаголник со дебелина еден прст. Премачкајте го со филот и завиткајте во ролат.
На калап за печење леб ставете хартија. Ставете го ролатот во калапот и оставете го да отстои на топло додека се загрее рерната, 15 - 20 мин.
Загрејте ја рерната на 180Ц.
Премачкајте го ролатот со една лажица слатка павлака или млеко и печете го додека добие убава златна боја.
Изладете го во калапот 5 минути, а потоа ставете го на жица и покриен со крпа оставете го да се олади до крај.
Посипете со шеќер во прав замирисан со ванила
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
A ovoj recept e bez greska! Da si go napravis :)))))
без паника, уште сум неподелена личност и кираџијава не сака да престане да домува во мене. немав интернет. ви пишувам сега на брзинка и после седувам да проверам што вкусно сте готвеле без мене :) :) :) :)
LiliN kolacot e pekrasen a za slikata ne e potreben komentar (jas trebase pokraj tebe da sednam za casovi po fotografija)pozz:)
Fala vi na site :))
ne brzaj po studov neka te topli uste malku:)
уште сум едно цело. изгледа сака да биде Д МЕСАЈА, спасителот, па да си дојде на 21.12. :) :) :) :)
Cekaj da rabotam... Kaj mene ne se priznava Sv. Nikola...
Nekoj noke slika hrana, nekoj peci kolaci.... Da se raboti nesto :))))
Fala ti mnogu :)))
Se nadevam domasnite ke bidat zadovolni :)