Штрудла со тесто од тиква и фил од ореви
Состојки
- За тесто
- 1 шоља (210 гр) испасирана испечена тиква
- 3 лажици масло
- 7 гр сув квасец
- 1 шоља (240 мл) млеко
- 2 жолчки
- 2 шољи (260 гр) брашно
- 2 лажици кафеав шекер
- прстофат сол
- За фил
- 2 белки
- 1 шоља (120 гр) мелени ореви
- 1 шоља (215 гр) кафеав шекер
- 1 лажичка мелен цимет
- За премачкување пред печење
- 1 - 2 лажици павлака за готвење или млеко
- За посипување
- малку шекер во прав замирисан со ванила
Подготовка
Во еден помал сад измешајте го брашното со солта и сувиот квасец. Оставете на страна.
Изматете го со миксер пирето од тиква со жолчките и шекерот, додајте го маслото и млекото и матете уште малку. Додајте го брашното и измесете меко и мазно тесто. Покријте со проѕирна фолија и оставете го на топло да се удвои.
Во еден мал сад измешајте ги мелените ореви со циметот и 1/2 шоља кафеав шеќер.
Во средно голем сад изматете густ снег од белките со 1/2 шоља шеќер. Додајте ги оревите и измешајте со лажица. Не мешајте премногу, може филот да ви се втечни.
Стасаното тесто расучете го во правоаголник со дебелина еден прст. Премачкајте го со филот и завиткајте во ролат.
На калап за печење леб ставете хартија. Ставете го ролатот во калапот и оставете го да отстои на топло додека се загрее рерната, 15 - 20 мин.
Загрејте ја рерната на 180Ц.
Премачкајте го ролатот со една лажица слатка павлака или млеко и печете го додека добие убава златна боја.
Изладете го во калапот 5 минути, а потоа ставете го на жица и покриен со крпа оставете го да се олади до крај.
Посипете со шеќер во прав замирисан со ванила