Аспарагусот исецкајте го на помали парчиња и заедно со шпагетите ставете ги да се варат во зовриена посолена вода 8-10 мин.
Во тава со масло малку испржете ја шунката или панчетата исецкана на мали коцки. Исецкајте го кромидот, додајте го во тавата и пржете уште 2-3 минути колку да омекне.
Додајте ги шпагетите и аспарагусот исцедени од водата и измешајте ги. Посолете и побиберите по вкус. Тавата тргнете ја на страна и додајте ги јајцата кои претходно сте ги разматиле со вилушка. Измешајте ги и веднаш послужете ги наросени со пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани