Шварцвалд коцки
За овај рецепт одделно мешаме брашно сода и какао ,а одделно шеќер, јогурт и масло. Се вклучува миксерот и се бијат минутка до две течните состојки, па се додава брашното онака како го припремивме.
Стандарден плех се премачкува со маргарин и се просејува малку брашно, се излева смесата во него и се печи на 170 во рерна.
Вишните замрзнати треба ден пред тоа да се одмрзнат и да се остават да се цедат, сокот кој го пуштаат не се фрла, туку се употербува за потураше на кексот. Во тој сок ставаме од чоколадото во прав, се меша да се спои добро и се потура најгоре ладен кекс. Врз него потоа се нафрлаат вишните (чистени од коски нормално).
За филот слатката павлака се загрева на тивко се става крчено чоколадото и се топи, но не смее да проврие. Така се лади постепено, оставаме и во фрижидер. Сосема ладна се бие со миксер во цврста бела пена, се нанесува над вишните, најгоре се ренда чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови