1.Приготвување
Четирите жолчки се матат со шеќерот во прав, се додаваат 3-те штангли стопено чоколадо, оревите и презлата. На крајот постепено се додаваат 10те избиени белки. Се пече на тивко во загреана релна во калап со обрач број 26.

2.Фил
Млекото се вари со 6 жолчки, 6 лажици шеќер и 5 лажици нишесте. Откако ќе олади се додава избиениот маргарин со 200 гр. шеќер во прав и 2 ванили.

Испечената кора се премачкува со половина количина од филот, потоа се додаваат
три реда стопено чоколадо, 500 гр.вишни, потоа се додава останатата количина од филот заедно со малку рендано чоколадо и одозгора се украсува со шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови