Секогаш кога ќе ми останат белки, на менито има павлова торта. Вечна инспирација ми е. Имам испробано многу варијанти. Денес ќе ја споделам оваа варијанта со чоколадо и вишни.

Подготовка

1. Чоколадото го топиме на пареа и оставме да се лади.
2. Белките ги матиме со миксер, постепено додавајќи го шеќерот. Кога сме при крај и шеќерот е целосно растопен, додаваме една лажица густин и една мала лажичка алкохолен оцет.
3. Шлагот од белки го префрламе на хартија за печење, правејќи кружна форма со блага вдлабнатина во средина (за филот). Го истураме стопеното чоколадо преку тортата и со вилушка правиме форми, односно го мешаме чоколадото со шлагот. Печеме во загрена рерна на 120 степени, околу 80 минути и оставме тортата да се олади во исклучена рерна.
4. Во меѓувреме вишните ги ставаме во тенџере на оган, со вода и 80гр шеќер. Мал дел од водата оставме на страна и ја мешаме со густинот. Вариме 2-3 минути, па потоа го додаваме густинот и готвиме уште кратко. На крај го додаваме сокот од лимон и ванилата.
5. Слатката павлака ја матиме. По желба може да се додаде шеќер во прав (јас не додадов).
6. Ја префрламе изладената торта на чинија и филуваме со слатката павлака. Врз слатката павлака го истураме изладениот фил од вишни. Јас декорирав со цреши.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови