Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Валентина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Посна Шварцвалд торта.

Оваа торта ја нарековме посна верзија на популарната Шварцвалд торта, со чоколадно тесто, прелив со вишни и фил од гриз.

Подготовка

Чекор 1: Вишните ставете ги да провријат со малку вода и 3 лажици шеќер. Ние користиме смрзнати , но може да користите и вишни од компот.

Чекор 2: Состојките за тестото ставете ги во еден сад, промешајте ги убаво. Истурете го во Ростер тавата и печете на 200 степени, 15-20 минути. Потоа исечете го на половина.

Чекор 3: Од водата за фил тргнете околу 200 мл во кои ќе ставите 12 лажици гриз и промешајте како за пудинг. Останатото количество на вода ставете го да почне да врие со шеќерот и ванилата, па истурете го растворениот гриз и мешајте додека убаво да се згусне. Оставете го да се излади.

Маргаринот и шеќерот во прав, пенасто изматете ги. Потоа изладената смеса и смесата со маргарин убаво соединете ги.

Чекор 4: За филувањето, врз кората наредете половина од вишните, па половина од филот. Повторете ја постапката за вториот кат и на крај декорирајте по желба.

Чекор 5: Оставете неколку часа да се спојат состојките, потоа сечете коцки и сервирајте.

СОВЕТ: Ние оваа торта ја направивме на два ката, но може да ја направите само на еден кат од тесто, вишни и фил.