Видео рецепт: Посна Шварцвалд торта
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 1 чаша вода (280 мл.)
- 2 чаши брашно (300 гр.)
- 1 шолја шеќер (150 гр.)
- 1 и 1/2 шолја масло (150 мл.)
- 3 лажици мармалад
- 1 рамна лажица сода бикарбона
- 3 лажици какао
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 1 л. вода
- 200 гр. шеќер
- 12 лажици гриз
- 250 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер во прав
- За ПРЕЛИВ ОД ВИШНИ ќе ви треба:
- 300 гр. смрзнати вишни (или од компот)+ за декорација
- 3 лажици шеќер
- За ДЕКОРАЦИЈА ќе ви треба:
- неколку трошки посно чоколадо
Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Валентина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Посна Шварцвалд торта.
Оваа торта ја нарековме посна верзија на популарната Шварцвалд торта, со чоколадно тесто, прелив со вишни и фил од гриз.
Подготовка
Чекор 1: Вишните ставете ги да провријат со малку вода и 3 лажици шеќер. Ние користиме смрзнати , но може да користите и вишни од компот.
Чекор 2: Состојките за тестото ставете ги во еден сад, промешајте ги убаво. Истурете го во Ростер тавата и печете на 200 степени, 15-20 минути. Потоа исечете го на половина.
Чекор 3: Од водата за фил тргнете околу 200 мл во кои ќе ставите 12 лажици гриз и промешајте како за пудинг. Останатото количество на вода ставете го да почне да врие со шеќерот и ванилата, па истурете го растворениот гриз и мешајте додека убаво да се згусне. Оставете го да се излади.
Маргаринот и шеќерот во прав, пенасто изматете ги. Потоа изладената смеса и смесата со маргарин убаво соединете ги.
Чекор 4: За филувањето, врз кората наредете половина од вишните, па половина од филот. Повторете ја постапката за вториот кат и на крај декорирајте по желба.
Чекор 5: Оставете неколку часа да се спојат состојките, потоа сечете коцки и сервирајте.
СОВЕТ: Ние оваа торта ја направивме на два ката, но може да ја направите само на еден кат од тесто, вишни и фил.