Ова чорба е традиционален италијански рецепт наречен Јота. Јас ја подготвив на мој начин.
Гравот гоставаме во вода да вари, додаваме ловор сол и бибер. Вариме додека гравот е половина варен.

Во друг сад ја ставаме сланината да се пржи додека е потребно додаваме и малку масло а потоа и исецканиот кромид го пржиме малку да омекне и ја додаваме исецканата зелка ( ако зелката е премногу солена можете да ја измиете претходно). Ја пржиме малку да омекне ги додаваме ребрата. Можете да ја приготвите со коленица или колбас по вкус, а може да остане и само со сланина доколку не сакате многу мрсно). Налеваме со вода колку да ја покрие зелката вариме со повремено промешување додека да подиспари водата околу 1 час.

Тогаш гравот го префрлуваме кај зелката со се течноста што оставала вариме 10 минути заедно и го додаваме компирот и исецканите чешчиња лук.
И оставаме да се варат сите состјки заедно доколку е потребно додаваме вода кога сите состојки се варени ја подготвуваме запршкта со масло во кое го пржиме брашното, црвен пипер можете и да не го додадете доколку не го сакате. Доколку и не сакате запршка можете гравот и компирите да ги згмечите и така чорбата си има густина. Се е до вкусот. Пробуваме дали чорбата е доволно солена по желба можете да додадете и некој друг зачин по запшката варите уште 5 минути и чорбата е готова.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови