Прво се подготвува филот.
- Жолчките се матат убаво (кремасто и пенасто додека го зголемат волуменот неколку пати) со шеќерот во прав и се ставаат да се варат над пареа ( со постојано мешање) додека згустат.
- Чоколадото се топи над пареа со млекото.
Чоколадото со жолчките се соединува и се остава убаво да излади.
- Маргаринот пенасто се мати и се додава од претходната смеса.
- Се мати и шлаг кремот со 125мл. млеко ( како што пишува на упатството на кесичката) и се соединува со претходниот фил.
(Шеќерот можи да се намали и на 150гр., зависно од вкусот.)

За кората
- Белките се матат со малку сол и кога ќе се добие густа пена им се додава постепено шеќерот. Шамот треба да биде цврст, убаво изматен и тогаш се додаваат претходно просеани брашното и пецивото, заедно помешани со презлата. Кога убаво ќе се измеша се додаваат и 3-4 лажици од филот.
-Се печи на 180 Ц. степени 25-30 мин. или зависно од вашата рерна.
-Оладената кора се сечи на 3 ленти и филова.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани