Хот-дог кифли
За подготовка на тестото, во сад ставете ги млекото, маслото, квасецот изронат, солта и шеќерот. Постепено додавајте го брашното и месите додека добиете изедначено меко тесто.
Тестото покријте го и оставете го да одмори 15-на мин.
За тоа време јајцето, кечапот, сенфот и мајонезот убаво измешајте ги со вилушка. Виршлите исечете ги на пола а на два плеха ставите хартија за печење.
Тестото премесете го и поделете го на два дела.
Од едниот дел на набрашнете површина исукајте кора дебела 3-4мм и премачкајте ја со подготвената смеса. Поделете ја на 16 триаголници и гледајте ширината да им биде колку виршлите.
На секој триаголник ставите со притискање по едно парче виршла и цврсто завиткајте ги во кифлиња. При виткањето долниот дел малку истегнете го за да дојдат малку полични. И така со ред додека да ги завиткате сите.
Истата постапка направете ја и со вториот дел од тесто.
Откако ќе ги направите сите кифли в клучете ја рерната да се загрее на 190-200 степени.
Премачкајте ги со смесата од јајце, посипете ги со сусам и ставете им по мало парченце путер.
Ставете ги во загреаната рерна и печете ги околу20-25 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
man ke podzacistam od ova brasnovo I pak nekoj predizvik....:-)