Кашкавалот изрендајте го. Кромидчето ситно насецкајте го.
Врз тортиљата ставете рендан кашкавал. Дозата е приозволна, па ставајте количина спрема желба и вкус. Врз кашкавалот рапосредете од ситно сецканото кромидче, потоа наросете оригано и попрскајте со кечап. Ставете во средината 1 кремвишла и замотајте ги прво одоздола, па потоа од страните. Ставете чепкалка за да зацрврстите.
Пред да ги ставите во рерна можи да ги премачкате малку со маслиново масло.
Печете ги на 220С околу 3 мин.
Сервирајте ги врз лист марула или зелена салатка. Одлично одат во комбинација при јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани