Најпрво, квасецот растворете го во млакото млеко, па додајте ги маслото, солта и шеќерот, па постепено додавајќи брашно замесете убаво меко тесто кое нема да се лепи.
Оставете го тестото на топло, да се дуплира.
Потоа, малку премесете го и поделете го на 12 парчиња. Формирајте ги кифлите со раце, можете да направите 6 за хот-дог, 6 за хамбургер, или како сакате вие.
За хот-дог направете долгнавеста кифла со големина на 1 кренвиршла.
Кифлите наредете ги по 6 во еден плех покриен со хартија за печење и оставете ги на топло половина час.
Печете ги во загреана релна, на 180 ц, петнаесетина мин.
Одозгора можете да ги наросите со сусам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани