Подготвка:

1. Најпрво го активираме квасецот со млака вода, шеќер и 2 лажици брашно.
2. Потоа замесуваме меко, нелепливо тесто со додавање на останатите наведени состојки, од кои брашното на крај.
3. Замесеното тесто веднаш го делиме на топчиња (јас на 30) . Почнуваме од првото топче, кое го расукуваме како правоаголник, ставаме виршла на почетокот на кифлата, а на крајот засекуваме. Замотуваме во кифла и така постапуваме и со останатите топчиња. Ги редиме во плех врз хартија за печење.
4. Ги покриваме и ги оставаме да стасаат.
5. Стасаните кифли ги премачкуваме со жолчките, ставаме сусам и по 2 мали парченца маргарин на секоја кифла.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени до поруменување (јас околу 20-25 минути).

Забелешка - на секоја кифла ставаме по една виршла, или доколку сакате пресечете ја на пола.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани