Вкусни кифли (посебно за дечиња)
Стасува квасецот со малку млеко(20 гр) и шеќер. Во вангла за месење ги ставате брашното, јогуртот, млекото, зејтинот, жолчките, пециво, солта и стасаниот квасец. Сето добро се меси (не треба да се лепи за раката, а по потреба додадете брашно но тестото да биде помеко)
Поделете го тестото на 4 до 5 топчиња и оставете да стасаат.
Стасаните топчиња едно по едно расукајте ги исечете ги на 8 парчиња и ставете урда или сирење, завиткајте и ставете ги во подмачкано тавче со маргарин. Секоја кифла намачкајте ја со жолчка, посипете со сусам и одозгора ставете парче маргарин. Вклучете ја релната на 200 С и печете ги 20 минути да поцрвенат.
(чашата е од 200 мл. од павлака)
Додека чекате да се стопли релната кифлите ќе стасаат уште малку.
Добар апетит
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови