Во тава со маслиново масло на среден оган пропржете го кромидот да омекне. Потоа додајте го наутот исцеден од водата, доматот и грашокот. Оставете ги да се динстаат неколку минути додека течноста испари што ќе ја пушти зеленчукот. Потоа оставете го да олади.
Рерната загрејте ја на 200 степени а тавата за печење (28) намачкајте ја со путер и посипете ја со презла.
Во сад со жица изматете ги јајцата, додајте ја рикотата, магдоносот, мајчината душичка и додајте сол и бибер по вкус. Измешајте да се изедначи смесата. На крај додајте го и зеленчукот. По желба можете да додадете и малку луто пиперче.
Измешајте и истурете ја во тавата за печење. Ставете ја да се запече околу 30 минути или додека се зацврсти површината.
Печената фритата послужете ја топла со салата по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани