Ова е еден омилен мој рецепт. Има убав вкус од малините.
Денес, ќе ви го презентирам, па пробајте го и вие.

125 гр маргарин се мати пенесто со 175 гр шеќер. Додаваме 4 јајца, 3 лажици рум и еден ванилен шеќер.
Мешаме добро додавајќи брашно, пециво и нишесте.
Оваа смеса ја префрламе во добро намастен куглав и оставаме да се пече.

Го подготвуваме филот

Во 500 мл млеко додаваме 100 гр шеќер и мешаме да се растопи шеќерот. Одземаме од млекото мал дел да го изматиме нишестето и повторно го враќаме во садот непрекинато мешајќи.
Садот го тргаме од оган кога ќе ја добие густината што ја бараме.

Во друг сад матиме 200 гр маргарин со 150 гр шеќер во прав да станат пенести, па го додаваме горе наведениот истинат фил.
Мешаме да се соедини.

Печениот куглоф го делиме на три дела.
Првиот дел го поставуваме и го премачкуваме со мармалад од малини.
Врз мармаладот нанесуваме ред од филот.
Повторно го редиме вториот дел од шандишпанот од куглоф и повторно нанесуваме мармалад од малинки. Уште еднаш премачкуваме со филот.
Го поставуваме третиот дел од пандишпанот, но овој пат премачкуваме дирекно со филот врз целиот куглов.

Завршниот дел е подготовка на толчените бадеми.
Значи бадемите ги мелеме на јадро или ги толчиме. Потоа ги префрламе во растопен маргарин ,додаваме 75 гр шеќер и пржиме непрекинато околу 2-3 минутки. Така подготвените бадеми ги попрскуваме врз куглофот насекаде рамномерно.
Матиме една шлаг пена според упатството и со шприц нанесуваме на неколку места од врвот на куглофот. Врз секој дел од шлагот украсуваме со малина.

Овој рецепт нас не остави без збор. Малку е краситко од малините, но сепак е вкусно.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови