Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Лудо ќе подготви еден од нејзините рецепти, Љубовен венец.

Колач Куглоф со суво овошје и прелив од чоколадо - Љубов на прво залче. Ако не ни верувате, ќе мора да пробате!

Подготовка

Чекор 1: Најпрво убаво изматете ги јајцата, па додавајте ги една по една останатите состојки, прво течните, па сувите. Матете додека смесата не се соедини., па додадете ги изренданата кора од портокал и лимон.

Чекор 2: Сувото овошје исечкајте го на парчиња и извалкајте го во брашно за да не пропадне на дното на колачот. Ние користевме суви вишни, сливи, кајсии, брусница и ѓумбир.

Чекор 3: Додадете го сувото овошје во изматената смеса и убаво измешајте за да се распореди насекаде. Калапот за Куглоф ставете го врз плитката тава и истурете ја смесата во него. Печете во загреана рерна на 180 степени, 70 минути, или додека чепкалката да излезе сува.

Чекор 4: Во сад на пареа растопете го чоколадото и прелијте го оладениот куглоф.

СОВЕТ: Колачот може да стои подолго време во фрижидер, но кога го пробавме, јасно ни стана дека нема да го дочека ни утрешниот ден.