Турски погачки со сирење
Вкусни, декоративни погачки налик на турски фес или турбан, па поради изгледот претпоставувам дека си го добиле и името.
1. Млекото затоплете го млако. Во него ставете ги путерот, шеќерот и квасецот. Во брашното додатете ја солта и јајцата. Со млекото и растворените состојки во него, замесете средно меко тесто и оставете го да стаса.
2. За филот изрендајте го сирењето и во него разматете ја жолчката. Сол ставете по желба.
3. Откако тестото ќе стаса поделете го на повеќе топки. Го делите на онолку топки колку што сакате погачки да имате.
4. Секоја топка ја развлекуваме со сукало овално, ја премачкуваме со путер и со фил, па ја сечеме по должина на 1 см растојание, ама не до крај. Започнуваме со виткање на погачката, од долниот дел и дијагонално, па ја завиткуваме во круг.
5. Ги ставаме во намаслена тава или пак на хартија за печење.
6. Секоја погачка ја премачкуваме со разматена белка и ги посипуваме со сусам и семки од сончоглед.
7. Печеме во загреана рерна на 200 степени.
Забелешка
Путерот за премачкување оставете го на собна температура, за да убаво се мачка.
Лиценца: Сите права се задржани
Албетина, откако се објавија дури тогаш видов дека има и Клара објавено, а јас пребарував не дека не пребарував, ама ете не сум видела убаво.Како и да е нека стојат рецептите, па кој како милува нека си ги направи:)
Погачиците се многу вкусни, освен што се интересни и декоративни:)
ah praznici se blizat kalorii se nizat always teofanijaaa :)))) pozz super se