Погачки со спанаќ и сирење
Прекрасни воздушести погачки,кои ќе ве остават без зборови.
За љубителите на солени пецива ова е идеален рецепт.
Мекички се и имаат прекрасен вкус од мешавината на лук,сирење и спанаќ.
Земете ги двете јајца и изматете ги со малку сол.
Матете убаво да се згуснат.
Брашното просејте го и додадете му го пецивото.
Спанаќот измијте го и исецкајте го.
Во матените јајца додадете го зејтинот и киселото млеко.
Додавајте го брашното.
Исецканиот спанаќ се помешува во смесата.
Лукчето го сецкаме на ситно и тоа го додаваме .
Сирењето го рониме па промешуваме.
Откако е смесата соединета,се полнат калапчињата со смесава.
Претходно треба да се подмачкани и попрскани со брашно.
Се печат во претходно вжештена рерна.
Излегуваат околу 18 парчиња.
Најубави се кога се топлички.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови