Погачки со компир, со сирење и салама
Подготовка. Квасецот се става со 1 лажичка шеќер, 1 лажица брашно и 5 лажици млеко убаво се измеша и се става да појде. Во длабок сад го ставаме млекото, 3 јајца, пасираниот компир, солта, омекнатиот путер, па со стасаниот квасец и брашното замесуваме тесто кое се остава да сташе.
Кога тестото е сташано се расукува и со чаша се вадат кругови на средината, се става измешано рендано сирење и салама со едно разматено јајце со четка го премачкуваме тестото околу филот и преклопуваме со друго тесто краевите убаво ги затвараме и вака готови погачки ги редиме во плек намачкан со маргарин, ги премачкуваме со јајце и посолуваме со сусам. Оставаме да појдат малку и ги печеме во петходно загреена релна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови