Испечати

Погачки со компир, со сирење и салама

Погачки со компир, со сирење и салама

Состојки

  • 300гр млеко
  • 300гр пасиран компир
  • 3 јајца
  • 140гр растопен маргарин
  • 1 квасец
  • 1лажичка шекер
  • 1,5 лажички сол
  • 5 лаж млеко
  • по потреба брашно
  • по потреба салама
  • по потреба сирење
  • малку сусам
  • 1 за премачкување јајце

Подготовка

Подготовка. Квасецот се става со 1 лажичка шеќер, 1 лажица брашно и 5 лажици млеко убаво се измеша и се става да појде. Во длабок сад го ставаме млекото, 3 јајца, пасираниот компир, солта, омекнатиот путер, па со стасаниот квасец и брашното замесуваме тесто кое се остава да сташе.
Кога тестото е сташано се расукува и со чаша се вадат кругови на средината, се става измешано рендано сирење и салама со едно разматено јајце со четка го премачкуваме тестото околу филот и преклопуваме со друго тесто краевите убаво ги затвараме и вака готови погачки ги редиме во плек намачкан со маргарин, ги премачкуваме со јајце и посолуваме со сусам. Оставаме да појдат малку и ги печеме во петходно загреена релна.