Тесто за пица, пиде и сл.
Ова количество тесто е за 4 пици во пречник 25 цм.
Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат со миксер со продолжетоците за тесто да се соединат. Се покрива садот со крпа и се остава да стои околу 5 мин. Потоа повторно се меша тестото со миксер 3 - 5 мин. Се дели на 4 дела. 4 кесички за во замрзнувач од 2 л се премачкуваат со масло од внатре и во секое се става по едно парче тесто оформено во цврста топка. Веднаш се става во фрижидер да стои барем 12 часа. Ако не го користите тестото во наредниот ден веднаш ставете го во замрзнувач.
Ако тестото било во замрзнувач пред употреба одмрзнете го оставајки го преку нок во обичниот фрижидер, а потоа продолжете со постапката.
Ако тестото ви било во обичниот фрижидер извадете го од него 1 час пред употреба. Понатаму сложете и печете ја пицата по ваша желба. Јас правам вака:
Рерната ја загревам на најсилно кое можи, кај мене е тоа 250 C, плус вентилатор што ке ја подигни температурата уште за 20 C. На најдолната решетка го ставам каменот за печење и го загревам 1 час. Ако печите без камен, перфорираниот сад за пица исто ставете го на најдолната решетка и загревајте го заедно со рерната додека рерната не ја постигни саканата температура.
Парче хартија за печење посипете со пченкарно или оризово брашно за да не ви се лепи тестото. Со растегнување со раце, не со сукало или оклагија растегнете го тестото во круг со пречник 25 цм и ставете го на хартијата. Одозгора распоредете тоа што вие сакате и оставете да отстои додека се загрее рерната. Оваа пица на сликата е со малку кашкавал, шунка, 2-3 свежи печурки на ливчина, 3-4 кругови кромид, 2-3 маслинки, сол, бибер и ориган. Непосредно пред печењето попрскајте ја пицата со маслиново масло и заедно со хартијата пренесете ја на каменот или на тавата која ви е во рерната.
Се печи кратко, 7 - 10 мин. Ако е потребно во текот на печењето ке ја подзавртите пицата да се испечи работ рамномерно.
Овој пат на едното тесто ставив околу 200 гр рендан кашкавал и го завиткав како чун, за Турско Пиде. Се печи исто.
Веднаш штом ке ја извадите од рерна, работ на пицата премачкајте го со маслиново масло, послужете жешко.
Лиценца: Сите права се задржани
Линк за инфо и нарачки http://www.delimano.com.mk/delimano_tavi/delimano_set_pizza.html
Docna vi go gledam postot. Dali mislite deka mozebi e podobro site komentari da se pisuvaat edni pod drugi, zosto vaka se mesaat i tesko se sledat?
A deka ke gi kupam Delimano tavite za pica e poveke od sigurno!
Se razbira deka se mozni site varijacii vo izborot na sostojki i nacin na pecenje. Mene vaka mi dava sekogas isto dobri rezultati, a i sin mi prestana da tvrdi deka ne znam da ispecam ni obicna pica.
Klara, brasno 00 ponekogas ima vo Vero, mnogu, mnogu sitno e meleno, kako pudra, a mozi da se zameni so brasno za torti i senamensko vo odnos 1:3, ama brasno za tori jas ovde nemam videno
Fala vi uste ednas na site, imajte ubav den :) :) :)
Aко имаш уште некој tips and tricks, сега е моментот. Во 4.30 оди во рерна ;)
Инаку, за малку ќе го цркнев миксерот. Никогаш до сега не сум месела тесто со него, а ова тесто е малку потврдо :(
Happy baking :)
Како и да е, пицата е најдобрата што некогаш сум ја направила дома! Не можам да замислам како би било со тоа брашното 00. Зар може подобро од ова?
Имав малку проблем со префрлање на тестото со хартијата на плехот во рерна, ама послужи даската за сецкање. Ја користев како лопатка во фурна :)))
Дури и ладна е убава. Јас не вечерам обично, ама вечерва изедов 1/4. Еве и сликичка... Не се гледа многу, но сепак...
So brasno 00 e podoro, pomeuresto testoto, iako i so Tip 400 e ubava i jas koga nemam, pravam so takvo... Mislam deka ispaga taka ubava zaradi nacinot na pecenje, ne tolku zaradi posebnosta na testoto..
Na slikata bas ubavo i apetitno izgleda :)) Na zdravje neka vi e i mnogu ti fala :))
Fala ti mnogu :)
Sreken rodenden i od mene Lilin... ! :)
Ete bidna picata i po tvojot recept, definitivno najdobra:)
Fala ti :))
Ветувам дека и јас ќе го испробам рецептот, па ќе се приклучам со слика. Не е фер само вие апетит да ми отварате!:)))