Сусам алва (посно, без масло)
Толку лесно и едноставно, а вкусот е одличен. Сите кои сакате алва, онаа купечката, ве убедувам дека после рецептов нема да ви текне да купите (освен ако не е многу многу итно) =)
1. Сусамот се меле во машинче за мелење кафе, кратко 10тина секунди. Претурете во чинија, додадете го сувото грозје и јаворовиот сируп (во однос на количина може да зголемите ако сакате поблаго) и измесете убаво со рака. По желба во дел од смесата може да ставите какао.
Направете си форма по желба и ставете во фрижидер малку да се стегне. Пресечете парчиња и послужете.
Добар апетит =)
*Рецептов ми е класифициран како без масло затоа што не се додава екстра масло. Нормално самиот сусам како и јаткастите плодови си содржат свои есенцијални масла, но ете сепак во строгиот пост ги користиме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мило ми е што ви се допадна на сите, па кој го направи нека биде пријател и нека сподели слики :)
i jas Klara sega go pravev so lokum i kaj i da e treba rec da izleze,sigurna sum deka i ovoj e mnogu vkusen:)
Тетка ми веднаш по објавување го направила со брусница и го пробав кај неа и ептен ми се допадна, дури и повеќе отколку со суво грозје, така да супер комбинација си направила :)