Испечати

Сусам алва (посно, без масло)

Сусам алва (посно, без масло)

Состојки

  • 300гр. сусам
  • 100гр. суво грозје
  • 2-3 лажици јаворов сируп
  • по желба какао

Подготовка

Толку лесно и едноставно, а вкусот е одличен. Сите кои сакате алва, онаа купечката, ве убедувам дека после рецептов нема да ви текне да купите (освен ако не е многу многу итно) =)

1. Сусамот се меле во машинче за мелење кафе, кратко 10тина секунди. Претурете во чинија, додадете го сувото грозје и јаворовиот сируп (во однос на количина може да зголемите ако сакате поблаго) и измесете убаво со рака. По желба во дел од смесата може да ставите какао.
Направете си форма по желба и ставете во фрижидер малку да се стегне. Пресечете парчиња и послужете.

Добар апетит =)

*Рецептов ми е класифициран како без масло затоа што не се додава екстра масло. Нормално самиот сусам како и јаткастите плодови си содржат свои есенцијални масла, но ете сепак во строгиот пост ги користиме.