Шеќерот со водата се става во сад на оган за зоврие. Откако кратко ќе поврие се додаваат и маргаринот и чоколадата да се растопат. Откако ќе се растопат се трга настрана и се додаваат бисквитите и ванилата. Убаво се промешува и малку да подолади смесата се додаваат и мелените кикиритки. Убаво се умешува смесата.
Во помало правоаголно плехче (30х20) обложено со фолија се истура смесата, убаво се израмнува и се полева со глазура од чоколада растопена на пареа со 3 лажици зејтин. Се посипува со сечкани кикиритки и се става во ладилник да се сегне, па после се сече на штангли.
Брзо и лесно до многу вкусен десерт!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови