16
јун
2013
Сладолед за 5 минути
Иако изгледа неверојатно, навистина е готов за 5 минути и може веднаш да се послужи.
Во чашата за блендирање ставете го замрзнатото овошје, додајте го шеќерот и со пулсна брзина промиксајте 2 - 3 пати, да се спои и да се разбие овошјето. Пуштете го блендерот да работи и низ отворот од горе сипете ја павлаката. За 1 - 2 минути се ќе се спои во кремаст сладолед. Ако е потребно, еднаш промешајте ја содржината во чашата и уште кратко блендирајте.
Може да се послужи веднаш или во кутија да се остави во фрижидер.
Не испага голема количина, ама при потреба, веднаш нов ќе направите. Овој рецепт, за да се види дека имам и рецепти со малку состојки и со малку потрошено време.....
Лиценца: Сите права се задржани
Pobrzo, veruvam ne e ni do prodavnica da se odi :))
Suzana, ne zaboravi deka jagotkite treba da se dlaboko zamrznati, inaku, nacinot ne vrsi rabota... A i jas, mnogu nemeraklija na sladoled, sekogas ovosen izbiram...
Sepak, baraj gi decata od maaloto, tuka se tie negde :)))
Пред 20-ина години (само што сфатив дека сум стара :Р), на Рекорд имаше еден фрижидер полн со смрзнати овоштија. Си кажуваш кое овошје го сакаш и они го мелеа помешано со сладолед од ванила и директ во корнет. Поубав купен сладолед од тој не сум јадела, а дома неколку пати сум го направила. Ова твоето е нешто слично и сигурно е вкусно :)
А сакав да ти пишам коментар и за бројот на состојки и потребното време... Ако знаеш да ги решиш најтешките задачи по математика, сигурно знаеш собирање и одземање ;)
Trebase i jas da napisam... Kolicestvoto na seker treba da se koregira spored vkusot, ama i spored kiselosta na ovosjeto...
Borovinka bi bila moj favorit, definitivno!! Zamrznati ne mi se dostapni, a svezi mnogu kratok period vo godinata, za zal...
Tvojot sladoled izgleda tocno kako treba, zamrznat, a kremast :)
Fala ti Lile :))
Бананите уште од кога ми стојат во фриз.....ги заборавив од немање време.Ај и јас ќе ставам сликче кога ќе ги направам.Моите не знаат дека имам оти на глаа ќе ми се качат :))
Немам ваков блендер,па го правев во тој како сецко што е.Бидејќи нема отвор шеќерот и павлаката ги ставив истовремено со овошјете.Просто не ги ни мерев состојките,од око онака,па ми се погоди одлично.Сркнав некоја лажица скришно,признавам.Но го ставив во замрзнувач,за кога ќе се врати главниот јадач...бидејќи ако е вака како кремче меко,ќе ми го изеде за 5 минути,па ќе се чешам потоа.
Еве уште една загреотична слика:)
Mojot bese bas kako na slikata, so kupeni zamrznati malini, a mozebi i do soodnosotso pavlakata e..... Vazno go bendisaja :)))
Fala ti mnogu :)