Испечати

Сладолед за 5 минути

Сладолед за 5 минути

Состојки

  • 300 гр замрзнато овошје (малинки, јагоди, капини или микс од шумско овошје )
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр слатка павлака со најмалку 30 % м.м.

Подготовка

Иако изгледа неверојатно, навистина е готов за 5 минути и може веднаш да се послужи.
Во чашата за блендирање ставете го замрзнатото овошје, додајте го шеќерот и со пулсна брзина промиксајте 2 - 3 пати, да се спои и да се разбие овошјето. Пуштете го блендерот да работи и низ отворот од горе сипете ја павлаката. За 1 - 2 минути се ќе се спои во кремаст сладолед. Ако е потребно, еднаш промешајте ја содржината во чашата и уште кратко блендирајте.
Може да се послужи веднаш или во кутија да се остави во фрижидер.
Не испага голема количина, ама при потреба, веднаш нов ќе направите. Овој рецепт, за да се види дека имам и рецепти со малку состојки и со малку потрошено време.....