Прво се замесува тесто од брашното, маргаринот, млекото, шеќерот, какаото и пецивото. Тестото се дели на два дела и се печат 2 кори на превртен плех од шпорет или на хартија.

За средната кора се пече пандишпан во истиот плех.
Се печат 15-20мин на 200 степени

Фил
Пудингот се вари во зовриеното млеко со шеќер и одкако ќе се олади се додава кон изматениот маргарин со шеќерот во прав. На крај се додава и сокот од лимон и убаво се мати.

Се реди
Прво се става една од корите со какао, па се премачкува со фил, над неа се става жолтиот пандишпан и пак се филува. На крај се става и втората кора со какао и се премачкува со тенок слој од филот, а над него следи чоко глазурата.
Овој колач е многу издашен колач, а рецептот е стар и верувам дека на многу од вас им е познат, но поради неговиот квалитет нека биде забележан тука на МоиРецепти. Погоден е за слави и поголеми веселби затоа што може подолго да стои и најубав е ден два после подготовката.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела