Роденденска торта Дора
Правиме три пандишпани.
За еден пандишпан кршиме 10 јајца. Белките одделете ги од жолчките.
Белките матете ги со миксер пополека додавајте 10 лажици шеќер.
Жолчките изматете со 2 лажици шеќер.
Во изматените белки додајте ги изматените жолчки, 5 лажици брашно и 5 лажици мелени ореви и прехранбена боја.
Во секој пандишпан додадете различни бои за да бидат шарени. Јас ставив розова, жолта и плава.
Печете во загреана рерна на 200 степени.
За фил
Зо 1 л млеко сварете 3 пудинзи од ванила.
Во другото литро сварете 3 пудинзи од чоколадо.
За прв фил изматете 250 гр.маргарин со 150 гр.шеќер во прав додадете го пудингот од ванила и се убаво изматете.
Бананчињата исечете ги на коцки, исто и ресанитр и додадете ги во филот,убаво промешајте.
За втор фил 250 гр.маргарин изматете со 150 гр.шеќер во прав додадете го пудингот од чоколадо и малку рум. Вишните исчистете ги од семки и додадете ги во филот.
Чоколадото за готвенње изрендајте го на големо ренде додадете во фил и се убаво промешајте.
Пандишпаните филувајте ги прво со чоколаден фил, после со жолт фил.
Одозгоре украсете со шлаг и со сликичка од чоколадо.
Оваа торта јас ја правев за роденден на ќерка ми, нека и е среќен роденден!!!!
Лиценца: Сите права се задржани