Распукани кифлички
Од мене уште еден интересен предлог за подготовка на кифлички за дополнување на свечената трпеза.
Подготовка.
Квасецот предходно го стасуваме со млако млеко, шеќер и малку брашно, оставаме неколку минути да го дуплира волуменот. Во просеаното брашно правиме на средина дупка во неа ги сипуваме зејтинот, солта и замесуваме со мешавината од јогурт и млеко. Оставаме тестото да стаса еден час.
Почнуваме со формирање на кифличките развлекуваме кора сечеме квадрати со големина 10*10 ги расекуваме на краевите. На средина ставаме од филот и краевите ги префрламе еден преку друг(погледнете ги дополнителните слики). Премачкуваме цо жолчка и посолуваме сусам, печеме на 200степени околу дваесетина минути.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани