
12
дек
2020
Распукани колачи со лешници
Убави и декоративни празнични колачиња.
Прво се матат јајцата со шеќерот,се додава сок и кора од еден лимон.
Чоколадото со путерот се топат и пооладени се додаваат кај јајцата.Се додаваат лешниците и на крај брашното со печивото.
Се меси мазно тесто кое се става во ладилник два часа.
Кога тестото е доволно ладно,со рака се формираат бомбици кои обилно се валкаат во шеќер во прав.
Се печат во загреана рерна на 180 степени околу десет минути.Оставете ги убаво да се оладат.
*Во половина од тестотот додадов црвена прехрамбена боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови