Овие прсти одамна ги меркам и конечно им дојде времето да се пробаат. И тоа ненамерно во исто време кога се празнува Halloween. Па, Диана, ова е за тебе. Секако и за сите кои нема да речат како ќерка ми-супер мирисаше дури се печеше, ама ова јас во уста не го ставам!

Измешајте ги сите суви состојки. Додадете ја маста која предходно стоела во фрижидер и добро со раце протријте ја. На крај додадете го јајцето и екстрактот од ванила и замесете глатко тесто. Гледајте јајцето да не ви е најмала големина како што беше случај кај мене. Ако тестото случајно ви се лепи, додајте уште малку брашно (кај мене беше обратно, па затоа додадов течна ванила, која инаку ја немаше во оригиналниот рецепт, но испадна полн погодок со неа).
Поделете го тестото на долгунести делови и од него вадете мали парчиња, одприлика колку орев. Секое парче расукајте го како виршла со должина колку еден прст. На едниот крај ставете бадем и малку притиснете, тоа наместо нокт и потоа со нож направете засеци за да изгледа како прст.
Наредете ги во плех и печете на 180 степени околу 15 мин. Убаво е да ви останат бледи, а не како мене што ми отемнаа.
Кога ќе оладат, извадете ги бадемите и залапете ги со нутела или мармалад. Иии... добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани