Видео рецепт: Сендвич со рибини прсти
Сигурни сме дека овој рецепт многу ќе ви се допадне… Сочна бела риба испржена во лесна смеса за похување со пиво… Поубаво, здравје!
Состојки
- 115 грама брашно
- 150 милилитри студено пиво
- 1 големо филе од бела риба
- 4 супени лажици мајонез
- 6 мали корнишони
- Леб
- 1 лимон
- Листови зелена салата
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Вечера
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: За почеток правиме едноставен тартар сос… Исечкајте ги корнишоните на мали коцкички... Во длабока линија ставете го мајонезот, па исечканите корнишони, а потоа ставете и лимонов сок за да му дадете киселкаст вкус!
Чекор 2: Рибиното филе исечете го на дебели парчиња – овде користиме обично смрзнато филе од бела риба, но колку е посвежа рибата, толку подобар ќе биде вкусот. Смрзнатите филети се практични бидејќи се исчистени и немаат коски.
Чекор 3: За да ја направите смесата за похување, ставете го брашното во длабок сад и почнете да го сипувате пивото со постојано мешање додека да добиете мазна смеса.
Чекор 4: Почнете да ги намакувате парчињата риба во смесата и да ги ставате во загреано масло за пржење... Се пржат и смесата и рибата, и добиваме прекрасна лесна обвивка со свежа мека риба внатре... Повремено превртувајте ги парчињата за да добијат рамномерна боја, а кога ќе бидат готови извадете ги и ставете ги на кујнска салфетка да се исушат.
Чекор 5: Време е за сервирање: Земете убаво парче леб... На него ставете неколку листа зелена салата, а потоа и три парчиња рибини прсти… На крај ставете обилна количина тартар сос и поклопете со уште едно парче леб за да добиете сендвич.
СОВЕТ: Многу се возбудуваме кога говориме за овој рецепт… МОРАТЕ да го пробате. Толку лесен, но толку вкусен… Не се разликува многу од традиционалниот Англиски рецепт Фиш енд Чипс - риба и помфрит… Можете да експериментирате со различни видови пиво, но запомнете дека тоа треба да биде изладено во фрижидер.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки
Задолжително да се проба - брзо, вкусно и лесно :)
сакам похувано со мајонез да јадам. затоа одам на свадби и се ценкам со тие окулу мене да ми ги дадат пирошките и кашкавалот во замена за вечерата :) :) :) :)
А по овој рецепт веруваме дека уште повеќе ќе сакаш похувано - иако ова е малку поинакво од похувано кое го знаеме :)